265
Ракетен напад чија цел била рафинеријата за нафта во северниот ирачки град Ербил во неделата предизвика пожар во еден од најголемите магацини, кој подоцна беше ставен под контрола, соопштија денеска ирачките безбедносни сили.
Проектил паднал во надворешниот дел на рафинеријата, но немало жртви, се додава во соопштението, пренесува „Ројтерс“.
Командата на антитерористичката единица во регионот на Курдистан наведува дека шест проектили паднале во близина на рафинеријата КАР во Ербил, наведувајќи дека биле лансирани од провинцијата Нинава.
Ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими по разговорите со курдскиот лидер Масуд Барзани изјави дека вооружените сили ќе ги гонат сторителите на, како што го нарече, „кукавичкиот напад“.