Немаат продадено ниту еден автомобил, а вредат 80 милијарди долари

од Vladimir Zorba
305 прегледи

Според „Ревија ХАК“, американскиот производител на електрични автомобили „Ривијан“, кој досега покажуваше теренци и пикапи, се подготвува за првичното влегување на пазарот на капитал и очекува да продаде акции во вредност од 80 милијарди долари.

„Ривијан“ нема произведено ниту продадено ниту еден автомобил, фабричките возачи тестираат пикап и теренци. По серијата одложувања, производството на пикапот R1T започнува во септември.

„Ривијан“ веќе собра повеќе од 10 милијарди долари од инвеститори како „Форд“ и „Амазон“.

По продажбата на акции, се претпоставува дека „Ривијан“ ќе биде повредна од „Хонда и „Форд“, а се уште нема продадено автомобил…

Слични содржини