Немам бугарски пасош, тврди Димовски

од Nikola Popovski
172 прегледи

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска појасни дека не поседува бугарски пасош и дека не познава никој од челниците на најголемата опозициска партија кој има таков пасош.

-Тоа се шпекулации, јас не познавам или не знам таков. Со таа бројка што се лиферува за граѓаните што имаат бугарски пасоши оперира Бугарија. Од кои цели го прави тоа не знам. Апсолутно сите што ги познавам од мојот град што имаат такви пасоши го прават од економски причини, за да возат камиони во Шведска или Германија или да работат во Англија или Шпанија. Јас сум „за“ избрани функционери да не смеат да имаат двојно државјанство, рече Димовски во емисијата „Клик 21“.

Слични содржини