„Немам правено пластични операции“: Марта Стјуарт ја откри тајната на добриот изглед (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
311 прегледи

Марта Стјуарт неодамна позираше во костим за капење за насловната страница на магазинот Sprots Illustrated.

Фотографиите на осумдесет и двегодишната ТВ ѕвезда го обиколија светот, а сите се согласија во едно, а тоа е дека таа и понатаму изгледа одлично.

Имаше и такви кои тврдат дека за нејзиниот изглед се заслужни естетските корекции, но таа го демантираше тоа.

„Не сум имала никакви пластични операции. Имам многу здрава, добра коса. Секој ден пијам зелен сок. Ги земам витамините. Се хранам многу здраво. Имам многу добри кожни лекари. Јас сум многу внимателна на сонце. Носам капи и крема за сончање секој ден“, се осврна на негативните коментари таа.

Сепак, таа призна дека неколку пати инјектирала филери.

Покрај здравата исхрана, важна е и физичката активност, па Марта одела на пилатес три пати неделно, но и престанала да пие алкохол. Посебно внимание посветила на својата кожа, па редовно оди на третмани и користи спрејови за самопотемнување.

Таа истакнала дека не се грижи за годините.

Слични содржини