Поради високите летни температури, повеќето се во потрага по брзи и лесни оброци кои не бараат долг престој во кујната и се богати со нутритивни вредности.
Појадок
Јогурт / кефир со бобинки, семки и намаз од бадем:
2 дцл кефир или кокос јогурт
3 големи лажици боровинки
1 лажица гоџи бобинки
1 лажица семе од коноп
1 лажица семе од сусам
2-3 големи лажици овесни трици или снегулки од киноа
1 лажичка намаз од бадем (по порција)
Ручек
Печена риба со леќа, киноа и блитва (спанаќ):
Печена риба 150-200 гр по избор (пастрмка, лосос, сардина)
3 лажици сварена црна леќа
2 лажици варена киноа
100 гр варена блитва или спанаќ
1 печена црвена пиперка
1 лажица семки од тиква
1 лажица маслиново масло
Послужете сè заедно во чинија, а зеленчукот посипете го со семките.
Вечера
Салата од јајца со фета сирење и свеж зеленчук:
1 варено јајце
7 ореви
20 гр фета сирење
2 лажици црна леќа
70 гр зелена салата по избор
1 млад кромид
½ пиперка
½ краставица
1 лажица маслиново масло
1 лажица јаболков оцет или лимон