Немири на Ридот на храмовите во Ерусалим започнаа од рано изутрина

од Stefanija Kuzmanovska
360 прегледи

Полицијата денес одлучи да им забрани влез на Евреите на Ридот на храмовите во Ерусалим и беше подготвена да разгледа дали да ја дозволи планираната парада на израелските националисти, по предупредувањата на безбедносните сили дека „маршот на знамето“ може да доведе до понатамошно ескалирање на насилството, пренесе „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека започнале немири.

Големи судири започнаа утрово на Ридот на храмовите, кога полицијата упадна во областа откако илјадници Палестинци се собраа таму во текот на ноќта, а за тоа време тие собираа камења и разни рачно изработени оружја.

Полицијата беше нападната и веднаш одговори со шок-бомби, а десетици демонстранти фрлаа камења од Ридот, на патот јужно од комплексот што го блокираше патот, но никој не беше повреден, ниту има материјална штета.

Во неделата вечерта избувнаа насилни судири меѓу палестинските демонстранти и израелската полиција, со најмалку 25 повредени и 23 уапсени.

Ридот на храмовите е свето место и за Израелците и за Палестинците.

На ова место се наоѓа џамијата Ал-Акса, трето најсвето место во исламот, а Евреите ја почитуваат како нивно најсветото место, каде што стоеле и двата библиски храма.

„По безбедносната проценка што ја направивме неодамна, шефот на полицијата Коби Шабтаи одлучи да не дозволи посети на Ридот на храмовите во овој момент“, се вели во денешното соопштение на полицијата.

Слични содржини