Ќе беше добро вчера некој од ВМРО-ДПМНЕ да дојдеше и да видат сами дека вчера се случи народот. Немој да газите по прашањата на достоинството на цел еден народ. Националистичка реторика со која се обидуваат да ја покријат неефикасноста на владеењето, прави долгорочни штети, посочи кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи.
Тој денеска на промоцијата на неговата кампања, на новинарско прашање околу реакцијата на ВМР0-ДПМНЕ за вчерашните изјави на Али Ахмети, посочи дека треба да се вратиме на нормалниот дискурс и нормалната агеда, на Европската унија, на соживотот и економскиот просперитет.
-Вчера се случи народ. Ние тоа го очекувавме и го предупредувавме. Немој да газите по прашањата на достоинство на цел еден народ. Во овие 15 месеци се газеше по најсветите вредности, за кои што во последните 20 години макотрпно се трудевме да ги чуваме, да ги промовираме и да ги изградиме. Луѓето ќе ви простат се, но газење по достоинството нема да ви го простат. Влечењето за уши нема да ви го простат никогаш. Обидот да се укине јазикот нема да го простат. Исфрлањето од институциите нема да го простиме, и затоа вчера имаше народ и тоа е само почетокот, рече Османи.

Фото: Локално
Тој додаде дека Македонија е наша, на сите граѓани, на Македонци, на Албанци, на Турци, на Бошњаци, на Роми, на Власи и на сите други.
-Го знаете ли вие новиот извештај на ЕУ, кој треба да излезе за скоро. Од 11 поглавја, 10 се со црвена боја. Не само што нема никаков напредок во овие 15 месеци, туку има уназадување. Тоа они сакаат да го покријат со напад на Албанците, со напад на ДУИ, како парадигма на обидот на Албанците за еднаквост во оваа држава, додаде Османи.
Напомена дека е најважно да се вратиме на нормалниот дискурс, на соживотот и економскиот просперитет.
-Тоа го бараат граѓаните од нас и тоа ќе биде во фокусот на мојата кампања, додаде Османи.
Вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од конвенцијата на Националната алијанса за интеграција му порача на Христијан Мицкоски: „Млад си, размисли добро… Мицкоски со кучиња оди на лов на зајаци, но не и на орли… Орли, летајте високо во синилото, кучиња, чувајте се од зајаци“. ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со реакција, при што порача дека ДУИ и Ахмети дека „не се орли, туку врапчиња“, додаде и обвиненија за системска корупција и пазарења.
Б.Т.