Некогаш совршената двојка која редовно ги красеше насловните страници – Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер – наводно ставила крај на својата љубовна приказна. Нивните профили на социјалните мрежи, кои порано беа исполнети со заеднички фотографии и љубовни пораки, веќе со месеци не откриваат ни трага од блискоста што ја негуваа речиси единаесет години.
Она што ги врзува засекогаш се нивните три сина – Лука, Леон и Тео. Но, додека јавноста се занимава со шпекулациите за наводната нова врска на Бастијан со неговата бремена колешка Естер Седлачек, многумина се присетуваат на клучната 2016 година – кога Ана се повлече од тенисот и се омажи со славниот германски фудбалер.
Таа сезона, Ана ја заврши без освоена титула, со негативен биланс и далеку од врвот на ВТА листата. Иако како причина за повлекувањето ги наведе честите повреди, за многумина промената во нејзините животни приоритети беше повеќе од очигледна. Одлуката да се пензионира во самиот зенит на популарноста, наводно, ја чинела и неколку профитабилни спонзорски договори.
Денес, кога се повеќе се зборува за крајот на уште една спортска љубовна бајка, се поставува прашањето – дали цената на љубовта понекогаш е повисока од успехот?