204
Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси денеска во Сингапур ја започна својата азиска турнеја во чии рамки, како што е најавено, ќе ги посети и Малезија, Јужна Кореја и Јапонија.
Можноста Пелоси да го посети Тајван предизвика незадоволство во Пекинг, наведува „Ројтерс“.
На прашањето дали Пелоси ќе го посети островот во четврток, тајванскиот премиер Су Ценг Чанг одговори: „Секогаш топло дочекуваме угледни странски гости“.