Обично грашокот не е типична состојка која може да се најде во една салата. Освен, се разбира, ако таа не е водечката. Добрата работа на ова растение од семејството зрна е дека има многу здравствени придобивки .
Ако конзумирате редовно грашок, ќе го намалите ризикот од рак (заради зелениот пигмент хлорофилин) и ќе го намалите нивото на холестерол во организмот. Од друга страна грашокот е добар извор на растителни влакна, витамин C, витамин K, протеини и минерали .
Откако веќе се уверивме зошто многу наскоро треба да си приготвите нешто вкусно со зеленото растение, запознајте се со нашиот предлог:
Потребни производи за подготовка на салата од грашок:
– 1/3 чаша кисела павлака;
– 1 лажица мајонез;
– Сол и бибер по вкус;
– 1 лажица бел оцет;
– 4 чаши замрзнат грашок – речиси одмрзнат;
– 8 парчиња пржена сланина – исечкана на парчиња;
– 1/2 глава мал црвен кромид – исецкан на тенки парчиња;
– 200 грама чедар сирење или друг вид по избор – исечено на мали коцки;
– 3 лажици свеж магдонос – сецкан;
Начин на приготвување:
1. Измешајте павлака, мајонез, сол, црн пипер и оцет во доволно голем сад. Промешајте ги состојките додека не добиете хомогена смеса и по желба додадете уште зачини.

2. Во сад со грашок ставете 2/3 од белиот сос и промешајте. Потоа додадете кромид, сланина и сирење.

3. Промешајте повторно и посипете со магдонос.

4. Послужете.
