Необична комбинација која ќе ви се допадне: Пица со помфрит наместо тесто

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Состојки:

– помфрит

– мелено месо

– доматно пире

– кашкавал

– шунка

– оригано

Подготовка:

Испржете го помфритот. Потоа направете го болоњезе сосот така што ќе го пржите кромидот, па ќе ги додадете меленото месо и доматното пире.

Потоа ставете го помфритот во плех и обидете се да направите форма што повеќе наликува на круг.

Прелијте ги со сосот Болоњезе, па наредете ја шунката. Посипете со рендан кашкавал и оригано.

Се пече во рерна на 200 степени околу 10 минути.

Слични содржини