Државниот театар Хесен во Визбаден бара возрасни кои би сакале да застанат голи на сцената, а во поздина со електронска музика. Станува збор за претставата „Хабитат“, а се плаќаат по 200 евра по изведба.
Театарот објави дека проектот „Хабитат“ на кореографката Дорис Ухлих ги пречекува луѓето кои се заинтересирани за движење, дури и без танцово искуство.
„Досега има десет апликации, а се примаат уште повеќе“, рече портпаролката.
Според неа, „нема фиксна бројка колку луѓе се потребни, колку повеќе, толку подобро“.
Како и во претходните дела на Улих, фокусот е ставен на работата со голо тело. „Хабитат“ го покажува во неговата сила и кршливост.
Учесниците ќе го прослават своето единство и различност со електронски звуци и техно песни, стои во поканата за оваа необична работа.
Терминот „екстрас“ не е соодветен бидејќи во проектот нема соло изведувачи. Луѓето кои учествуваат се протагонисти во целина, тие се појавуваат како група, објасни портпаролката.
Претставите се планирани за крајот на септември. Се плаќа надоместок на трошоци во износ од 200 евра. Од театарот повторија дека нема место за „неверни Тома“ и воајеризам.
Постои општа забрана за фотографирање и снимање за приватни цели.