Биберот сигурно не е состојка која очекувате да ја најдете во вашите колачи, но кога еднаш ќе ги пробате, ќе сфатите дека се фантастични и неодоливи.
Направете ги по овој рецепт:
1 и 1/4 шолји бело брашно
1/2 шолја интегрално брашно
Лажичка сода бикарбона
Лажичка сол
Две лажички мелен ѓумбир
1 и 1/2 лажичка цимет
Пола лажичка каранфилче
Една лажичка мелен бибер
Една шолја кафеав шеќер
115 гр путер
Едно јајце
1/3 шолја меласа (+ уште една лажичка)
3/4 шолја бел шеќер
Една лажица млеко
Шеќер во прав
Подготовка:
Измешајте ги белото и интегралното брашно, содата и зачините во сад. Со миксер изматете ги кафеавиот шеќер и путерот, додека да добиете кремаста смеса. Додадете јајце и пак изматете, па потоа ставете ја меласата и матете до изедначување. Додавајте ги сувите состојки и мешајте додека да добиете тесто. Направете топка, прекријте со фолија и оставете да отстои еден час.
Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тавата за печење со хартија. Обликувајте топчиња и наредете ги на плехот. Печете околу 12 минути. Оставете ги добро да се оладат.
Настрана измешајте ги шеќерот во прав, млекото и меласата, за да добиете густа глазура. Со лажичка ставајте врз секое изладено колаче.