„Неочекувани придобивки“: Родители купиле Лада со пари од отштета за смртта на нивниот син во Украина? (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
366 прегледи

Семејствата на руските војници кои загинаа за време на конфликтот во Украина имаат право на паричен надомест од државата како вид на компензација. Сепак, наводниот пропаганден прилог на руската телевизија изненади многумина, бидејќи, користејќи го примерот на едно семејство, се обидоа да ја претстават трагичната загуба на семејството како „придобивка“.

Ова видео брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика многу реакции.

Медиумската куќа „Медуза“ ја објави веста дека руската државна телевизија наводно емитувала прилог за наредникот Алексеј Малов, кој беше убиен на почетокот на конфликтот во Украина.

Автомобил „лада“ е купен со парите што државата му ги исплатила на семејството на загинатиот војник.

Во споменатиот прилог таткото на убиениот наредник вели дека семејството со парите што ги добиле како обештетување купило автомобил во спомен на нивниот син, пишува Express.co.uk.

Ова видео привлече голем број коментари.

– Руската државна телевизија синоќа објави прилог за неочекуваните „придобивки“ од губењето на синот за време на конфликтот во Украина, можете да купите Лада со надоместокот што ви го дава државата – ова се само дел од коментарите под споменатото видео.

Точниот број на руски жртви во Украина не е познат, но се проценува дека изнесува десетици илјади. Шефот на британските вооружени сили во понеделникот изјави дека околу 50.000 војници биле убиени од почетокот на инвазијата во февруари. Адмиралот сер Тони Радакин додаде дека во војната биле уништени речиси 1.700 тенкови.

Слични содржини