Сите сакаме да се засладуваме после ручекот, а овој колач ќе биде готов за брзо.
Состојки:
4 јајца
160 гр шеќер
1 лажица шеќер во прав
120 гр брашно
3 големи лажици врела вода
1 кесичка прашок за пециво и прстофат сол
Фил:
500 гр свежи јагоди
1 кесичка пудинг од ванила
2 лажици шеќер
500 мл млеко
1 кесичка желатин за колачи, / 1 кесичка 33гр /
250 мл ладна вода
Декорација:
шлаг
Подготовка:
Јајцата и шеќерот се матат убаво со миксер, па се додаваат останатите состојки и се се меша. (калап или плех 30см) Печете во загреана рерна околу 10 минути. Пудингот сварете го во млеко – желатинот истурете го во ладна вода, па сипете во пудингот и заедно варете 5 минути.
Јагодите исечкајте ги, наредете на кората и одозгора прелијте со сварениот пудинг, оставете да се излади и стегне однадвор и на крај декорирајте со шлаг. Пријатно!