Откако пред некое време ве известивме дека Епл планира да се приклучи на автомобилската индустрија и развива свој автомобил, сега информациите се чини барем делумно се потврдија. Иако официјална потврда од компанијата нема, тогаш според последните гласини веќе се знае локацијата на тајната фабрика, во која компанијата го развива својот автомобил.
105
Информацијата е од ЕплИнсајдер, кои се повикуваат на анонимни извори блиски до американскиот технолошки гигант. Според нив, Епл Кар не само што е во плановите, но веќе е произведен и тоа во срцето на Калифорнија – Сончевата долина, што е непосредно блиску до главната канцеларија на компанијата.
Дали е ова навистина така, рано е да се каже, а информациите остануваат непотврдени и веројатно ќе биде така уште долго време, со оглед на традицијата на американскиот технолошки гигант да молчи за голем дел од своите проекти.
Според изворите на ЕплИнсајдер голем дел од експертите, натоварени со задачата за создавањето на возилото, биле видени како влегуваат и излегуваат од кампусот на компанијата во Санивејл. Стана јасно и дека најверојатно на проектот работи и компанијата СикстиЕјт Рисрч, за која се уште не се знае какви точно функции извршува.