Неонацистот Стефан Ернст (47), кој во 2019 година го уби германскиот политичар и член на владејачката партија ЦДУ, Валтер Либке, беше осуден на доживотен затвор.
Ернст го застрела Либке на терасата од неговата куќа недалеку од Касел.
Вториот осомничен за убиството, Маркус Х., беше ослободен од обвинение за соучесништво, но беше осуден на 18 месеци затвор за нелегално поседување оружје, пишува „Дојче веле“.
Се наведува дека мотивот за убиството на Либке биле неговите ставови за миграцијата, а неговото убиство е прво убиство што десничарите го извршиле по Втората светска војна.
Имено, во 2015 година, Либке се залагаше за прием на бегалците, по што доби голем број заканувачки пораки.
По тој атентат, германските безбедносни служби посветуваат многу поголемо внимание на заканите на неонацистичките и екстремистичките групи.