НЕОТЕЛ со нов продажен салон во Тетово

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Телекомуникацискиот оператор НЕОТЕЛ го проширува своето присуство во Тетово со отворање на нов продажен салон, со што станува подостапен за корисниците во овој регион. Со оваа иницијатива, компанијата ја зацврстува својата позиција како еден од водечките оператори на
телекомуникациски услуги во земјата.

НЕОТЕЛ континуирано инвестира во развојот на својата оптичка мрежа и има значајно мрежно покривање во градот Тетово и околните населени места.

Оптичкиот интернет на НЕОТЕЛ нуди стабилност, високи брзини и беспрекорно корисничко искуство, што го прави идеален избор и за домашни и за деловни корисници. Дополнителна предност на услугите на НЕОТЕЛ е техничката поддршка, која е достапна 24/7 и гарантира брзо решавање на евентуални технички проблеми, што им овозможува на корисниците континуирана и непречена конекција.

Покрај брзиот и стабилен интернет, НЕОТЕЛ нуди и модерна интерактивна телевизија ReplayTV, со богат избор на телевизиски канали.
По повод отворањето на новиот продажен салон, НЕОТЕЛ подготви специјална промоција за сите заинтересирани, која е достапна ексклузивно на новата локација.

Повеќе информации за услугите на НЕОТЕЛ се достапни на www.neotel.mk.

Слични содржини