Спасувачките екипи од Непал досега пронајдоа 14 тела од остатоците на малиот авион со 22 лица, кој се урна во неделата.
„Потрагата по другите продолжува“, изјави портпаролот на аеродромот во Катманду, пренесе „Ројтерс“.
Четворица Индијци, двајца Германци и 16 Непалци се наоѓале во авионот „Ди Хавиленд Канада DHC-6-300 Twin Otter“, сопственост на приватната компанија „Тара Ер“, додадоа државните власти.