НЕПОЧИТУВАЊЕ НА СООБРАЌАЕН ЗНАК: Дури 1.325 возачи на автопатот А3 го игнорирале „црвениот Х“, сега ги чека казна од 90 евра и еден казнен бод

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Дури 1.325 возачи ќе добијат казна од 90 евра и еден казнен бод во Фленсбург за возење по делумно затворена лента над која на автопатот А3 во близина на Франкфурт имаше знак „црвен Х“.

Ова го јавува франкфуртското хит радио ФФХ наведувајќи дека толку многу возачи направиле сообраќаен прекршок во рок од 72 минути деновиве возејќи по затворениот дел од автопатот А3 „кој поради градежни работи беше означен со „црвен икс“.

– Доколку на таблата на автопатот има запален знак со вкрстени црти, на учесниците во сообраќајот им е забрането да возат по таа лента на автопатот, предупреди полицијата во Франкфурт.

Овој знак е наменет дополнително да ја заштити областа каде што се работи или да го заштити местото на несреќа, како и спасувачките и безбедносните служби присутни таму.

Непослушноста на „црвениот икс“ носи иста казна како и поминувањето на црвено светло на семафор, предупредуваат од сообраќајната полиција.

Секој што со игнорирање на овој знак ги загрозува другите во сообраќајот мора да плати 200 евра и да добие 2 казнени бода. Доколку се случи сообраќајка, казната се зголемува на 240 евра и 2 бода, предупредуваат од сообраќајната полиција.

Слични содржини