Непозната девојка во ШОК: „Мадона ми го украде телото!“ (ФОТО/ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Кога станува збор за Мадона и нејзините објави на социјалните мрежи, фановите навистина можеа да видат сè, а нејзините трансформации се движат од бизарни до спектакуларни.

Но, деновиве, фокусот е (повторно) на фотографија објавена од некогашната кралица на попот уште во 2015 година, што се покажа како прилично лош обид на Фотошоп, а истовремено и многу несмасна „кражба“ на туѓ пост, па многумина со право прашуваат што ја мотивирало Мадона на овој потег.

Имено, Амелија М. Голди (28) во видео кое брзо се прошири на Интернет и на сите социјални мрежи, од Тик Ток до Инстаграм, тврди дека 62-годишната музичарка ја фотошопирала главата на нејзиното тело, а резултатот е, во најмала рака, прилично невешт.

И има докази.

Контроверзната фотографија беше објавена на Инстаграм на Мадона пред шест години во време кога музичарката го промовираше својот албум „Rebel Heart“ и јасно покажува како главата на Мадона е преголема во споредба со остатокот од нејзиното тело. Отпрвин, Голди мислела дека се работи за своевидна шега, но доживеала шок кога сфати дека изменетата фотографија е објавена од официјалниот профил на Мадона, а проблемот, како што тврди таа, не би бил ако пејачката барем ја потпишала, изјави таа за BuzzFeed.

„Се обидов двапати да контактирам со нејзиниот тим преку Инстаграм, но без одговор … Дефинитивно би се смеела и би рекла дека ми ласка, но секако дека би сакала да ме потпишат“, истакна 28-годишната Голди. Мадона сè уште не го коментирала целиот случај, но корисниците на Инстаграм многу брзо откопале објава од нејзиниот профил објавена во мај 2015 година, а коментарите воопшто не се ласкави.

„Ужасен фотошоп, а ти си ужасен крадец“ или „ова е веројатно нивото на фотошоп што го имав кога имав 11 години“, се само некои од коментарите, а следбениците беа дополнително изненадени од фактот дека музичарката уште не ја отстранила фотографијата. Сепак, Голди имаше некои придобивки поради сето тоа.

„Ми рекоа дека е одлична работа за да се пофалам, што ме насмеа, но јас исто така го споменав тоа на интервју за работа и им се допадна“, изјави Голди за BuzzFeed.

Слични содржини