Непрепознатлив: Поради различни хируршки зафати, лицето на Ексл Роуз тотално изобличено (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Во доцните 1980-ти, MTV ги прифати Guns’N’Roses по музичкото видео на „Paradise City“ и го катапултираше бендот како најновата рок атракција. Денес тие се една од најголемите рок атракции во светот, но животот на рок ѕвезда изгледа влијаеше на фронтменот Ексл Роуз.

Неодамна, фронтменот на Guns’N’Roses со американската пејачка Кери Андервуд настапи на фестивал во Калифорнија и заедно ги пееја хитовите „Sweet Child O ‘Mine“, „Paradise City“ и „Welcome To The Jungle“. Ексл Роуз шокираше многумина со својот изглед.

Очигледно е дека цртите на лицето му се менувале со текот на годините, а тоа се должи на бројните пластични операции на кои бил подложен. 59-годишникот очигледно не може да се помири со фактот дека старее, па тоа се обидува да го сокрие со бројни естетски зафати што го прави непрепознатлив.

Покрај тоа што се здебелил со текот на годините, тој исто така посегна по помош кон пластичен хирург кој не се снајде баш најдобро.

Си го „средил“ носот (што го призна), му беа вградени импланти во образите, ги затегна лицето и очните капаци.

Слични содржини