Блејк Лајвли направи драстична промена на физичкиот изглед, па од долгата коса, сега нема ни трага.
Имено, актерката која се прослави со улогата на Серена во хит-серијата „Озборувачка“, позната е по својата долга руса коса која одлично и стои. Меѓутоа, актерката за потребите на снимањето на новиот филм, морала да го смени изгледот.
Блејк на Инстаграм објави фотографија, а фановите едвај ја препознаа. Дури и сестраѝ не ја препозна, па ѝ искоментирала под фотографијата:
„Непрепознатлива си“, напишала Робин Лајвли.
Иако оваа фризура ретко на кого стои, фановите се согласија дека Блејк убаво ја носи. Иако фановите мислеа дека нејзината преобразба завршува тука, таа објавила уште една фотографија на која изгледа целосно различно.
Блејк за потребите на снимањето носела и црвена перика во пин-ап стил.