367
Музичарката Кејти Пери е фотографирана додека се шета со својот пријател и новинар Дерек Бласберг, а вниманието го привлече со својот стајлинг.
Позната по откачените комбинации, светлите бои и модниот максимализам, таа сега изненади со комбинација во знакот на тивкиот луксуз.
Пери носеше минималистички сандали, обичен бел топ и кратка црно-бела „Шанел“ јакна со светли фармерки со права нога, а модната комбинација ја комплетираше со една од најпосакуваните чанти – мини верзија на познатата „Кели“ на „Хермес“.