Непријателите на Путин – труени, бесени, пукани…

од desk3
273 прегледи

Секој кој ќе се спротивстави на “системот Путин”, живее опасно. Ова го покажуваат сите убиства и неразјаснети смртни случаи на противници на режимот во Русија. Кремљ негира каква било вмешаност, се разбира.

vrag-620x264

Политичкото убиство често е совршен криминал: има жртви и непознати сторители. А ако сепак пак биде уапсен убиецот, тој никогаш не може да биде поврзан со луѓето кои стојат на чело на државата. Во други случаи смртта настапува под мистериозни околности и никогаш не станува јасно дали се вмешани трети лица. Затоа пак владејачките секогаш го прават истото – го негираат секое сомневање дека би можеле да имаат нешто заедничко со случајот.

Со овој модел беа извршени низа убиства на противници на Кремљ, во Русија или во егзил, при што критичарите на “системот Путин” загинуваа под неразјаснети околности, коментира “Дојче Веле”.

27 февруари 2015 година

Борис Немцов – руски опозициски политичар и поранешен вицепремиер – е убиен во Москва на мост во близина на Кремљ. Сторителите се непознати. Жртвата е застрелана во грб со неколку куршуми. Убиството е извршено два дена пред голем протестен настан против руските активности во Уктаина, на кои требало да зборува и Немцов.

23 март 2013 година

Борис Березовски – руски олигарх и критичар на Путин – е пронајден обесен во бањата на својот дом во Велика Британија, каде побар политички азил. Поради недостаток на докази, официјалната истрага не даде одговор на прашањето дали станува збор за убиство или самоубиство.

15 јули 2009 година

Наталија Естемирова – чеченска активистка од организацијата Memorial и пријателка на убиената во 2006 година руска новинарка Ана Политковскаја – е киднапиран од непознати лица пред домот во Грозни. Подоцна мртвото нејзиното тело е пронајдено во соседната Република Ингушетија. Убијците и до денес не се откриени.

19 јануари 2009 година

Станислав Маркелов – руски заштитник на човековите права и адвокат – беше убиен среде Москва по серијата закани за убиство. При нападот загина и новинарката Анастасија Бабурова. Убиецот, кој подоцна го признава делото , тврди дека дејствувал сам и од лични причини. Останува сепак сомнежот за нарачани убиства.

31 август 2008 година

Магомед Евлоев – руски новинар, кој го поседува најчитаниот информативен сајт од Ингушетија, е застрелан во главата додека се наоѓа во полициски притвор. Официјалната верзија за неговата смрт е несреќен случај.

23 ноември 2006 година

Александар Литвиненко – поранешен агент од КГБ, офицер од тајните служби ФСБ, а подоцна -критичар на Путин – умира во Лондон по труење со радиоактивен полониум. Британските истражувачи дошле до заклучок дека отровната супстанца била додадена преку чајот . Сите барања на Скотланд Јард кон Русија да ги екстрадира лицата кои се однесуваат на случајот, остануваат без последица.

7 октомври 2006 година

Ана Политковскаја – руска новинарка и активист за човекови права и ја истражува корупцијата во власта – е застрелана на скалите пред нејзиното живеалиште. Неколку лица се приведени, набргу потоа, сепак, се ослободени. Подоцна им се покренати обвиненија, но судот ги оправдува. Откако Врховниот суд ги поништи ослободувањата, процесот почнува од почеток – неколку лица се обвинети, вклучувајќи еден офицер од полицијата. Случајот завршува со пресудата за соучесниците, но нарачателите на злосторството остануваат неоткриени.

9 јули 2004 година

Пол Хлебников – американски новинар и главен уредник на руското издание на списанието “Форбс” – е застрелан пред редакцијата на весникот во Москва. Подигната е тужба против неколку осомничени сторители кои сепак подоцна се ослободени. Откако Врховниот суд ја донесува одлуката за нивно ослободување, двајца од обвинетите исчезнуваат без трага.