Нерамнотежа во двата дела на мозокот доведува до сексуална зависност

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Дебалансот во активностите на двата дела на мозокот доведува до зависност кон алкохол, сексуална зависност и склоност кон случаен секс, покажува новото истражување на американските научници од Универзитетот Дјук.5c94bfe7e44124089079f0ee6069b9c3

Со помош на магнетна резонанца научниците успеале да ги објаснат зависностите од алкохол и секс. Експертите ги истражувале областите на дејствување на човечкиот мозок при стресна ситуација и заклучиле дека дебалансите во активностите на двата дела на мозокот доведуваат до зависност кон алкохол и секс. Едниот дел на мозокот е наречен вентрален стриатум, а другата амигдалата.

Во првата студија учествувале 759 студенти на просечна возраст од 19 години. Утврдено е дека оние студенти кои имаат нерамнотежа во активноста на вентралниот стриатум и амигдалата може да се очекува да развијат алкохолна зависност. Ако активноста на двата региона е иста, ризикот од алкохолизам е минимален.

Втора студија ја анализираше сексуалната активност под стрес. Истражувачите интервјуирале 70 мажи и жени кои имале слободен секс во последните 11 месеци. Кај мажите бил откриен истиот модел како при првото испитување со алкохолот. Кај жените сексуалната активност се појавува како резултат на зголемена активност на двата дела на мозокот.