НЕРЕАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Ибрахимовиќ сподели фотографија по операцијата

од Vladimir Zorba

Само 11 недели по големата операција на коленото, мускулите на ногата на Златан Ибрахимовиќ изгледаат импресивно.

Напаѓачот на Милан (40) уште еднаш покажа зошто и во доцните играчки години важи за еден од најподготвените фудбалери на планетата.

Да потсетиме, славниот ас успешно се опоравува по операцијата на предните вкрстени лигаменти на левото колено.

По операцијата што ја направи на 25 мај, тој мораше строго да мирува и поради неактивност мускулите на левата нога атрофираа, тонусот драстично падна. Сепак, овој неверојатен борец брзо ги доведе нозете во импресивна состојба.

Ибра на социјалните мрежи сподели фотографија од неговите нозе, кои изгледаат нереално само 11 недели по операцијата.

Заедно со фотографијата која ги маѓепса неговите следбеници, Ибра остави краток и јасен коментар: „Без граници“.

Да потсетиме, Швеѓанецот го продолжи договорот со Милан на уште една година, а неговото враќање на терените се очекува во јануари.

Слични содржини