Комбинацијата на кокос и лимон во еден колач ќе ве воодушеви и ќе им се допадне на сите, а што е најважно, многу лесно ќе го направите.
Состојки:
200 гр шеќер
200 мл слатка павлака
100 мл млеко
100 гр путер
170 гр брашно
130 гр кокос
5 јајца
Сок и рендана кора од еден лимон
Еден прашок за пециво
Подготовка:
Растопете го путерот и изладете го. Измешајте ги брашното и кокосот со прашокот за пециво и изренданата кора од лимон. Изматете ги јајцата со шеќерот додадете го путерот, продолжете со матење, а потоа додадете ја смесата од брашно и кокос.
Во оваа смеса додадете ја слатката павлака, млекото и сокот од лимон и добро измешајте. Подмачкајте со масло една тава за печење, набрашнете и истурете го тестото. Печете 40 минути на 200 степени.
Колачот можете да го прелиете со шеќерна глазура или да го посипете со шеќер во прав.