373
Несекојдневна сцена снимена денеска во Нови Сад, Србија.
Еден постар маж ненадејно легнал среде булевар и го блокирал сообраќајот во центарот на градот.
– Непознат маж легнал на булеварот и го блокирал сообраќајот. Со оваа постапка тој го загрозува сопствениот живот, но и животите на другите учесници во сообраќајот, пишува под фотографијата која е објавена на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Засега не се знае точно кога е направена фотографијата и зошто мажот се решил на овој чекор, а коментарите на социјалните мрежи само се редат. Некои се шегуваат, но други велат дека се работи за сериозен инцидент.
– Преку глава му е, напишал еден корисник.
– За уво и повлечете го на тревата, додал друг корисник на Инстаграм.