Добротворниот фонд на фамилијата Рокфелер Rockefeller Family Fund најави дека е можно побрзо да го продаде својот имот, поврзани со фосилните горива. Фондот има намера да “елиминира учество” во Exxon Mobil, бидејќи не сака името на семејството да се поврзува со нафтената компанија која ја измами јавноста за ризиците од климатските промени.
Симболичен потег
Иако само 6% од скромните 130 милиони долари средства на семејниот фонд се инвестирани во фосилни горива, овој потег е со голема симболичка важност, забележува Reuters. Семејното богатство на Рокфелер е акумулација благодарение на нафтениот бизнис на Standard Oil, која е претходник на Exxon Mobil. Фондот ќе ги продаде своите акции и во бизниси кои се занимаваат со екстракција на јаглен, како и на нафта од нафтени шкрилци во Канада.
“Со оглед на создадената закана за опстанокот на човекот и природните екосистеми, нема рационална причина компаниите да продолжат да истражуваат за нови извори на јаглеводородни горива”, се вели во декларацијата на семејниот фонд. Во официјалното соопштение исто така се истакнува дека однесувањето на Exxon Mobil по прашањата за климатските промени е “морална осуда”.
По 21 година: Ја соопштуваат пресудата на Караџиќ
Според медиумските пораки од минатата година нафтениот гигант знаел за глобалното затоплување уште во 70-тите години, но ги криел откритијата од инвеститорите, политичарите и општеството. Портпаролот на нафтената компанија Ален Џеферс коментирал за Reuters дека одлуката на Фондот за продажба на акциите не е изненадувачки. “Rockefeller Family Fund обезбедува финансиска поддршка на InsideClimate News и Columbia University Journalism School кои произведуваат неточни и намерно погрешни приказни за истражување на ExxonMobil за климатските промени”, истакнува тој. InsideClimate News е спонзорирана и од друг фонд на фамилијата Рокфелер – Rockefeller Brothers Fund, кој ги повлече своите инвестиции во фосилни горива уште во 2014 година. Уште од 2008 година членови на семeјството Рокфелер го повикуваат ExxonMobil да ја зголеми инвестицијата во алтернативни горива.
“Ние го поддржуваме новинарството за заштита на јавниот интерес , за да има подобро разбирање како енергетската индустрија се справи со научните податоци за климата внатрешно и јавно”, одговара директорот на Фондот Ли Васерман. “Ниту една одредена компанија не била претворена во цел за нашиот стремеж да создадеме поголема јавна свест за овие прашања, како и подобри климатски политики”, додава тој.
Заблудување на публиката
Откако споменатите истраги за ExxonMobil беа објавени во печатот, главниот обвинител на државата Њујорк започна истрага дали компанијата ги измамила јавноста и акционерите во врска со ризиците од климатските промени.
“Објавените во медиумите материјали погрешно претпоставуваат дека компaнијата достигнала до конечни заклучоци за ризиците од климатските промени пред останатите експерти ширум светот, како и во момент во кој климатизациската наука била во рана фаза на развој”, истакнуваат од ExxonMobil. Компанијата исто така истакнува дека заканата од климатските промени е несомнена и се обврза да преземе мерки.
Во одговор на повлекувањето на инвестиции многу нафтени компании предупредуваат дека милиони луѓе во светот во развој ќе бидат осудени на сиромаштија, ако употребата на фосилни горива се прекине пред да има доволно извори на чиста енергија.

