Несреќа на експресниот пат Штип – Кочани, превртено армиско возило, повредени три лица

од Даниел Ѓорѓиевски
88 прегледи

Едно лице е потешко повредено во сообраќајна несреќа што се случи денес околу 13 часот кај надвозникот кај Соколарци, на експресниот пат Штип – Кочани. Во несреќата учествувало возило на Армијата на Република Македонија (АРМ), кое се превртело на коловозот.

Од Армијата ја потврдија информацијата за инцидентот, но најавија дека повеќе детали ќе соопштат подоцна.

Повреденото лице првично било пренесено во болницата во Кочани, но поради сериозноста на повредите, е препратено во Клиничката болница во Штип.

Поради несреќата, сообраќајот на експресниот пат е во прекин, а возилата се пренасочуваат по локалниот патен правец Соколарци – Кочани, како и по стариот пат Штип – Кочани и околните патни правци.

Надлежните служби работат на расчистување на местото на несреќата, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Слични содржини