Неколку членови на екипата се повредени за време на снимањето на продолжението на „Гладијатор“ во Мароко во несреќа на сетот, пишува Би-би-си.
Продуцентската куќа „Парамаунт“ соопшти дека повредите не се опасни по живот и настанале за време на снимањето на планирана каскадерска секвенца.
Членовите на екипата се во „стабилна состојба и продолжуваат да добиваат третман“, се вели во соопштението.
Претходно оваа недела „Сан“ објави дека се случила експлозија и дека шест лица завршиле во болница.
„Беше страшно, излета голема огнена топка и зафати неколку членови на екипата. Во сите мои години на снимање никогаш не сум видел толку страшна несреќа“, изјавил извор за „Сан“.
Во соопштението, портпаролот на „Парамаунт“ рече дека „безбедносните и целосните медицински тимови беа на место и реагираа навремено, така што засегнатите веднаш ја добија грижата која им беше потребна“.