Швајцарскиот прехранбен гигант Нестле во средата одлучи да ги повлече од руските продавници производите што не ги смета за основни потреби, како чоколадите KitKat и Nesquik, попуштајќи под притисокот од критиките на активистичките здруженија, купувачите и политичарите.
Овој потег е невообичаен за водечкиот светски производител на стоки за широка потрошувачка, кој со децении работи во воените зони ширум светот, забележува Ројтерс.
Тие додаваат дека нема да заработуваат, ниту да плаќаат данок во земјата, туку дека ќе продолжат да ги плаќаат вработените во Русија. Како што беше претходно најавено, тие ќе продолжат да продаваат храна за бебиња и медицинска исхрана.