Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, постигна договор за коалиција со лидерот на екстремната десница Ави Маоз, познат по своите хомофобични ставови и агресивна реторика насочена против неортодоксните Евреи.
Маоз, лидерот на партијата Ноам, врз основа на договорот, меѓу другото, ќе биде задолжен за зајакнување на еврејскиот идентитет кај Израелците, пренесе Гардијан.
Партијата Ноам на Маоз учествуваше на изборите заедно со Верската ционистичка партија на Итамар Бен Гвир, која освои 14 места во 120-члениот парламент на Израел.
Договорот е дел од плановите на Нетанјаху да постигне договор за поделба на власта со десничарските партии по парламентарните избори во земјата на 1 ноември.
Ако Нетанјаху формира влада со Моаз и Бен Гвир, тоа ќе биде една од најдесничарските влади во историјата на Израел.