Нетанјаху се нуди да биде медијатор меѓу Русија и Украина

од Nikola Popovski

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е подготвен да посредува меѓу Русија и Украина.Тој во интервју за Си-Ен-Ен рече дека од него било побарано да посредува веднаш по почетокот на војната во Украина во февруари минатата година, но ја одбил таа понуда, бидејќи во тоа време тој не беше премиер.

ЊЈас бев лидер на опозицијата во тоа време и се водев од правилото – во даден момент има само еден премиер“, рече Нетанјаху.

Тој додал дека сега сигурно ќе размисли дали да биде медијатор, но дека не сака да форсира.

Нетанјаху оценил дека е доволно долго во политиката и дека знае дека мора да има зрело време и зрели околности за преговори, како и дека особено би сакал ако САД побараат од него да дејствува како медијатор.

„Не можете да имате премногу готвачи во кујната, а ние треба да се грижиме за сопствениот двор“, рекол тој.

Израелскиот премиер истакнал дека има добри односи со американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Мислам дека посветеноста на претседателот Бајден кон Израел е реална, не се само со зборови, таа е искрена, таа доаѓа од срце. Мојата посветеност на сојузот со САД е реална“, рекол Нетанјаху, додавајќи дека Вашингтон и Тел Авив не се согласуваат за многу работи, вклучувајќи го и нивниот став за Иран, но дека сојузот меѓу двете земји „останува цврст“.

Слични содржини