Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за првпат свика вонреден состанок на владата во недела, велејќи дека Израел ќе го уништи Хамас во Газа.
Состанокот, одржан во воениот штаб во областа Тел Авив, започна со министрите кои станаа да оддадат едноминутно молчење во чест на 1.300 Израелци убиени во шокантниот напад на Хамас на 7-ми октомври.
Поздравувајќи го поранешниот опозициски пратеник Бени Ганц кој минатата недела влезе во владата заедно со уште неколку членови на неговата партија, премиерот рече дека сите работат деноноќно и во обединет фронт.
„Хамас мислеше дека ќе бидеме уништени. Ние сме тие кои ќе го уништиме Хамас“, истакнал Нетанјаху, додавајќи дека ова прикажување на единство ќе испрати „јасна порака до нацијата, непријателот и светот“.
Претходно во неделата израелската армија даде нов временски рок за движење на цивилите од северниот дел на Газа кон југот од областа.
Повикот за евакуација се однесува на повеќе од милион Палестинци на северот пред најавената израелска копнена операција.
Обединетите нации ги критикуваат наредбите и предупредија на хуманитарна катастрофа.