Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го суспендираше министерот за наследство Амихаи Елијаху од состаноците на владата на неодредено време поради тоа што зборуваше за можноста од нуклеарен напад врз Газа, соопшти кабинетот на премиерот.
Претходно денеска, Елијаху ја изнесе идејата за нуклеарен напад врз Газа, која подоцна ја отфрли како „метафорична“ забелешка, објави „Тајмс оф Израел“.
Елијаху, министер од екстремно десничарската партија Окма Јехудит, рече дека нуклеарниот напад врз Газа е опција.