Нетанјаху и Путин разговараа како армиите да избегнуваат конфликт во Сирија- едни ќе бомбардираат преку ден, другите ноќе…

од desk3
90 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Сирија откако претходно изјави дека целта на неговата посета во Москва е да се избегнат судири меѓу израелската и руската армии во Блискиот Исток, објави “Ројтерс”.

zx450y250_2613847

Руските медиуми јавуваат дека Нетанјаху изразил загриженост од влошената ситуација во регионот и дека според него Иран со помош на сириската армија има намера да отвори на Голанската Висорамнина “втор фронт” против Израел.

Како одговор Путин изјави дека сириската армија воопшто не е во можност да детектира сличен фронт, бидејќи се бори за зачувување на сопствената држава, дополнува ТАСС.

Руската позиција во Блискиот Исток секогаш ќе биде “одговорна”, бидејќи во Израел живеат “многу, многу” поранешни граѓани на СССР и “ова остава особен белег на меѓудржавните односи”.

Нетанјаху пристигна во Москва по две недели по информациите дека Русија доставува оружје и стотици маринци на воздухопловна база крај пристанишниот град Латакија како помош на армијата на претседателот Башар ал Асад.

“Комерсант” тврди дека според руски воен специјалист во моментов на техничкиот пункт на руската морнарица во градот Тартус се наоѓаат 1700 руски специјалисти со задача да ја модернизираат сириската армија.

Но особена загриженост предизвикуваат пораките за барем четири руски борбени авиони во Латакија и според поранешен советник на Нетанјаху, цитиран од “Ројтерс”, при посетата премиерот ќе се обиде да изработи со Русите основни правила за избегнување на евентуелен конфликт и закана од управуваните од Русите анти-авионски системи . Истите разговори ги водат и САД, кои нанесуваат воздушни напади против “Исламска држава” во Сирија.

“Можно е Израел и Русија да се договорат за одредени области на дејствување во Сирија или дури за тоа ние да летаме во текот на ноќта, а тие – во текот на денот”, објаснува изворот на “Ројтерс”.

Други израелски извори велат дека Нетанјаху ќе инсистира за повеќе гаранции дека модерното оружје што Русите го испорачуваат во Сирија нема да биде во рацете на “Хезболах” во Либан.