Нетанјаху: Израел е на чекор до победа во Појасот Газа

од Vladimir Zorba

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека „Израел е на чекор до победа“ и дека „Хамас е тој што го спречува договорот за заложниците“.

Тој рече дека Израел нема да се согласи на прекин на огнот ниту по шестмесечна војна во Појасот Газа, додека не се ослободат заложниците што ги држи Хамас некаде во енклавата, додавајќи дека Израел не е подготвен да се предаде, пренесе Ројтерс.

Посочи дека Израел, и покрај зголемениот меѓународен притисок, нема да попушти пред „екстремните“ барања на лидерот на Хамас.

„Наместо меѓународен притисок насочен кон Израел, кој води само до зајакнување на позициите на Хамас, притисокот на меѓународната заедница треба да биде насочен против Хамас. Ова ќе помогне да се ослободат заложниците“, рече тој.

Коментирајќи го масовниот протест против владата и повикот на демонстрантите за владата да постигне договор за заложниците, Нетанјаху рече дека „осудува каква било форма на насилство, газење демонстранти или напад на полицајци“.

Неколку илјади луѓе вчера протестираа во неколку израелски градови барајќи израелската влада да се согласи со договор за ослободување на заложниците од Газа.

Кога станува збор за нападот на израелската армија врз хуманитарниот конвој на Светската централна кујна во Појасот Газа, Нетанјаху изјави дека зад нападот на конвојот стои Иран преку своите „посредници“.

„Секој што нè повреди или планира да не повреди – ние ќе го повредиме. Овој принцип постојано го применуваме во последните денови“, рече Нетанјаху.

Слични содржини