Нетанјаху: Израел ќе има воена контрола над палестинските територии и ако се имплементира решението за две држави

од Radmila Tasevska
158 прегледи

Дури и при имплементација на решение за две држави меѓу Израел и Палестинците, Тел Авив ќе ја задржи воената контрола врз сите палестински територии, изјави синоќа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Во сите случаи, со или без трајно решавање на конфликтот, Израел ќе одржи целосна воена контрола врз сите области западно од реката Јордан, вклучително и Западниот Брег и Појасот Газа, истакна Нетанјаху.

САД, сојузникот на Израел, сè повеќе повикуваат на решение за две држави што предвидува мирен соживот меѓу еврејска и палестинска држава што ќе ги вклучи палестинските територии окупирани од Израел во 1967 година. – Западниот Брег, Источен Ерусалим и Појасот Газа.

Нетанјаху, како претставник на израелската десница, својата политичка кариера ја изгради главно на неговото цврсто противење на решението за две држави.

Слични содржини