Нетанјаху: Израел нема да се согласи на прекин на огнот, ова е време за војна

од Radmila Tasevska
180 прегледи

Израел нема да се согласи на прекин на огнот, бидејќи тоа би било еквивалентно на предавање на Хамас и тероризмот, изјави денеска Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер одржа прес-конференција додека израелските трупи навлегоа подлабоко во Газа, при што главниот воен портпарол на Израел предупреди дека воените операции на територијата ќе „ескалираат“.

Тој додаде дека повиците за прекин на огнот се исто што и „повикот до Израел да му се предаде на Хамас, да се предаде на тероризмот и варварството“.

-Тоа нема да се случи. Библијата вели дека има време за мир и време за војна. Ова е време за војна, рече израелскиот премиер.

Тој го повика светот „да не се предава на тиранијата и теророт“.

-Израел не ја започна оваа војна. Израел не ја сакаше оваа војна. Но, Израел ќе победи во оваа војна. Хамас „силуваше жени“ и „обезглавуваше мажи“ за време на нивниот напад на 7 октомври, рече Нетанјаху.

Тој ги опиша нивните постапки како „најстрашните злосторства што можат да се замислат“.

Слични содржини