Нетанјаху: Израел води војна на цивилизацијата против варварството

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел не само што води сопствена војна против палестинската милитантна група Хамас, туку тоа е и „битка на цивилизацијата против варварството“.

„Ако цивилизацијата не надвладее, ќе надвладее варварството, а тоа е и ваша битка“, рекол Нетанјаху за време на средбата со бугарскиот премиер Николај Денков во Ерусалим, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху го нарече Хамас „најдивиот непријател што сме го виделе од холокаустот“, пренесува „Танјуг“.

Денков се согласил дека е неопходно „да се искорени Хамас“ и повикал на ослободување на заложниците и присуство на Црвениот крст во Газа.

Тој посочи дека светот е „загрижен за тоа што се случува во Газа“ и дека е важно да се обезбеди хуманитарна помош.

Слични содржини