Нетанјаху: Ќе им дозволиме на жителите на Газа да ја напуштат

од desk2
41 прегледи

Премиерот Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел ќе им дозволи на Палестинците да го напуштат Појасот Газа, додека војската подготвува поширока офанзива врз територијата.

Изјавата што звучи неверојатно цинично, тој ја даде во телевизиско интервју.

„Ќе го дозволиме ова, пред сѐ во Газа, за време на борбите и сигурно ќе им дозволиме да ја напуштат и Газа“, додаде израелскиот премиер на помалку од 2 месеца од израелската офанзива врз појасот Газа.