Нетанјаху: Макрон направи морална грешка

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги повика западните лидери да не потклекнуваат на притисокот од оние кои повикуваат на прекин на огнот во Газа, велејќи дека францускиот претседател Емануел Макрон „погрешил“ што ја повикал ИДФ да престане да бомбардира цивили во палестинската енклава.

На прес-конференција во саботата, Нетанјаху рече дека Израел „навистина прави се за да ја минимизира штетата врз цивилите“, но дека нема да дозволи Хамас да убива без одговор, пишува „Тајмс оф Израел“.

Макрон во петокот за Би-Би-Си изјави дека „јасно го осудува“ нападот на Хамас врз Израел. Сепак, тој исто така рече дека „де факто – денес – се бомбардираат цивили“, нагласувајќи дека „нема причина или легитимитет за тоа“, повикувајќи го Израел да престане. Тој додаде дека хуманитарниот прекин на огнот е единственото решение за заштита на сите цивили во Газа.

Коментирајќи ги забелешките на Макрон, Нетанјаху рече дека „направил сериозна грешка, со фактите, а и морално. Хамас спречува евакуација на цивили, а не Израел“.

Истиот ден кога Макрон ја даде изјавата, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека „премногу“ Палестинци загинале во одмаздата на Израел против милитантите на Хамас во Газа.

Слични содржини