18
Израел е на пат кон остварување на своите цели за уништување на нуклеарните и балистичките ракетни закани на Иран, изјави денес израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Тој рече дека Израел го контролира небото над Техеран, објавува „Тајмс оф Израел“.
„Ние погодуваме цели, цели на режимот, за разлика од криминалниот режим на Иран кој ги таргетира нашите граѓани и доаѓа да убива деца и жени“, рече Нетанјаху.
И покрај ова, тој ги повика жителите на Техеран да излезат надвор додека израелската војска спроведува воздушни напади врз иранскиот главен град.