Нетанјаху наведе кој треба да управува со Појасот Газа по војната

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им претстави план за Појасот Газа на членовите на воениот кабинет, чија цел е да ја замени палестинската милитантна група Хамас со „локални функционери“ кои не се поврзани со тероризмот за да управуваат со служби во енклавата, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Ова е првпат плановите за Појасот Газа по војната официјално да бидат претставени на одобрување пред кабинетот, пишува „Тајмс оф Израел“.

Во документот кој Нетанјаху го презентирал на вчерашниот состанок, не се споменува конкретно Палестинската управа, ниту пак се исклучува нејзиното учество во повоеното управување со Појасот Газа.

Наместо тоа, се вели дека цивилните работи во Газа ќе ги водат „локални службеници“ кои имаат „административно искуство“ и кои не се поврзани со, како што се наведува, „земји или ентитети кои го поддржуваат тероризмот“.

Слични содржини