Нетанјаху: Ние сами носиме одлуки

од Симе Стоиков

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека Израел сам ќе донесе одлуки.

„Сите тие имаат различни предлози и совети. Јас го ценам тоа. Но, сакам да бидам јасен – ние самите ќе ги донесеме нашите одлуки и израелската држава ќе направи се што е потребно за да се одбрани“, рече Нетанјаху по состанокот со британскиoт и германскиот министри за надворешни работи, пренесува Гардијан.

Претходно денеска британскиот министер за надворешни работи Џејмс Камерон изјави дека дошол на состанокот за да се солидаризира со Израел, но и дека се надева дека нивниот одговор на иранскиот напад ќе биде „паметен и што е можно поограничен“, пренесе Би-Би-Си.

Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок по средбата предупреди како и Камерон дека не смее да има ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

„Тоа не би помогнало никому, ниту на безбедноста на Израел, ниту на десетиците заложници кои се уште се во рацете на Хамас, ниту на многуте луѓе во Иран кои страдаат под тој режим, ниту на другите земји во регионот кои едноставно сакаат да живееме во мир“, рече Бербок.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси предупреди денеска, по повод парадата на Денот на армијата, дека следната иранска одмаздничка операција против Израел нема да биде „ограничена“, додавајќи дека претходната „Операција искрено ветување“ била казнена, но не и со сеопфатен карактер.

Слични содржини