Нетанјаху: Ништо нема да не спречи, продолжуваме до крај

од Илинка Илиоска
10 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „ништо нема да го спречи“ и дека Израел „ќе победи во оваа војна“, објави „Тајмс оф Израел“.

– Знаете, пред два дена го убивме масовниот убиец Јахја Синвар и како што реков, се наоѓаме во војна во која се бориме за опстанок. Продолжуваме до крај. Сакам да кажам нешто друго, тоа е дека се гордеам со нашите војници, команданти и се гордеам со граѓаните на Израел – рече Нетанјаху во еврејското видео на кое се шета во паркот, носи очила за сонце и црна маица.

Нетанјаху потоа зборуваше на англиски и го нарече Синвар „мозок на терорист, поради чии злосторства израелски мажи беа обезглавени, жени беа силувани, а бебињата беа запалени живи“.

– Се ослободивме од него и ја продолжуваме борбата против другите проирански групи – истакна тој.

Утринава, домот на Нетанјаху во Цезареја, на северот на Израел, бил нападнат со беспилотно летало од Либан, но неговиот портпарол изјави дека премиерот на Израел не бил во куќата кога се случил нападот и дека нема повредени .

Слични содржини