166
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се согласи да испрати делегации во Египет и во Катар, каде што преговарачите се обидуваат да обезбедат ослободување на израелските заложници како дел од можниот договор за прекин на огнот во Газа, соопшти неговиот кабинет, пренесува „Хаарец“.
Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека премиерот разговарал со шефовите на израелските разузнавачки агенции Шин Бет и Мосад и „одобрил делегациите во нивно име да одат во следните денови во Доха и Каиро“, со мандат да продолжат со преговорите.