Нетанјаху: Отфрламе прекин на огнот што не вклучува ослободување на сите заложници

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека отфрла каков било привремен прекин на огнот во војната против Хамас што не вклучува ослободување на сите заложници.

„Израел отфрла привремен прекин на огнот кој не вклучува ослободување на нашите заложници. Израел нема да дозволи гориво да влезе во Газа и се противи на испраќање пари во Појасот Газа“, рече Нетанјаху во телевизиско обраќање, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека Израел нема да запре додека не победи. „Ќе го уништиме Хамас, ќе ги вратиме заложниците и ќе ја обезбедиме безбедноста на нашите граѓани и деца“, рече Нетанјаху.

Тој ги пофали израелските војници, велејќи дека тие „убиваат терористи во Газа дење и ноќе“, со тесна соработка на копнените и воздушните сили на израелската армија (ИДФ).

Слични содржини